Време на подготовка: 20 минути / ќе послужите: 6
- 1 страна од лосос, препорачливо без кожа (1 килограм)
- 3 лажичка маслиново масло
- Крупна сол и црн бибер, по желба
- 75 грама сецкана ротквица
- 150 грама сецкана краставица
- 1 лажичка од мелен рен
- 3 лажички ситно сецкан млад кромид (2 стракчиња)
Чекор 1
Загрејте ја рерната на 200 степени. Поставете го лососот во соодветен плиток сад за печење, прелејте со маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Печете го лососот околу 8 до 10 минути.
Чекор 2
Во меѓувреме измешајте ги сецканата краставица, ротквица, ренот и кромитчето и прелејте со 1 лажичка маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Послужете го заедно со лососот.

You must be logged in to post a comment Login