Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Летен десерт: Смрзната торта од 3 вида сладолед

Кога ќе помислите на нешто ладно, а температурите надвор се искачиле високо над 30 степени, сигурно прво нешто кое ви паѓа на памет е сладолед.

Oreogazam-bomba-od-sladoled-01.jpg

Следниот рецепт ќе ви покаже како да направите вистинска вкусна „бомба“ од сладолед и Орео колачи која не само што ќе биде неверојатно вкусна однатре, туку ќе изгледа навистина интересно и однадвор.

Состојки:

  • Сладолед со парчиња колачи (количината зависи од садот)
  • Чоколаден сладолед, омекнат (количината зависи од садот)
  • Сладолед од карамела, омекнат (количината зависи од садот)
  • 24 Орео колачиња
  • 4 лажици стопен путер
  • малку сол

Начин на подготовка:

1. Ставете го во фрижидер садот во кој ќе ја правите „бомбата“ од сладолед.

2. Најнапред додадете го сладоледот со парчиња колачи и врз него ставете помал сад, обложен со проѕирна фолија, за смесата да се распореди подеднакво насекаде. Двата сада ставете ги во фрижидер и оставете да стојат 1 час.

3. Повторете ја постапката со сладоледот од чоколадо и повторно оставете да стои 1 час во фрижидер.

4. На крајот исполнете ја празнината со сладоледот од карамел.

5. Ситно сомелете ги или искршете ги Орео колачите и додадете го стопениот путер и малку сол. Ставете го ова врз сладоледот за да послужи како основа. Оставете го во фрижидер 4 часа.

6. За полесно да го извадите сладоледот од садот ставете го во топла вода неколку секунди. Превртете го на чинија за послужување и вашата „бомба“ од сладолед и Орео е спремна за послужување.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement