Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Летен десерт без печење: Тирамису готово за 15 минути

Тирамису е еден од десертите на кои ретко кој може да им одолее, посебно заради специфичниот вкус и неговата едноставност.

Domasno-tiramisu-so-plazma-biskviti-01

Одличен за топлите летни денови кога навистина сакате да се изладите со нешто благо, кое сепак не е сладолед и не содржи преголема количина на шеќер.

Маскарпоне сирењето е тајната состојка која му дава специфичен вкус и благодарение на која овој десерт се издвојува од сите останати.

Со помош на овој лесен и едноставен рецепт ќе научите како сами дома да го направите највкусното тирамису кое некогаш сте го пробале.

Потребни состојки:

  • 250g сирење маскарпоне
  • 3 јајца
  • 60g шеќер
  • кафе (по желба во кафето може да се додаде рум, амарето или некој друг алкохол)
  • плазма бисквити
  • какао

Подготовка:

Најпрво подгответе го кафето и додадете му шеќер по желба.

Изматате ги убаво жолчките со шеќерот и потоа додадете го маскарпоне сирењето и продолжете да мешате.

Во друг сад убаво изматете ги белките додека не добиете густа смеса.

Додадете ги изматените белки во садот со жолчките и мешајте одозгора-надолу.

Земете чаши за послужување и ставете малку од добиениот крем, потоа натопете ги плазма бисквитите во подготвеното кафе и ставете ги над кремот. Повторете ја постапката според големината на чашата и според тоа колку слоја саката да имате. На крајот наросете со какао.

Ставете ги чашите во фрижидер најмалку 3 часа и потоа се подготвени за послужување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement