ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 Јајца
200 гр . брашно
200 гр шеќер
За МАРМАЛАДОТ:
300 гр. смрзнато овошје
3 лажици шеќер
За ФИЛОТ:
250 гр сирење Маскарпоне
300 мл слатка павлака за готвење
3 лажици мед
2 лажици од мармаладот
Ова торта е лесна, брза и едноставна за подготовка, но и декоративна.
Овошје кое можете да го користите за подготовка на мармаладот- јагода, боровинки, капини, малини, аронија…
Најпрво се подготвува мармаладот.
Овошјете ставете го во длабок сад да се вари се додека не се згусне и не испари водата. Доколку имате посебен шеќер кој е наменет специјално за мармалад или желе, ставете од него. Откако ќе се згусне добро овошјето, оставете го да се олади.
Потоа се подготвува тестото. Се матат јајцата и шеќерот додека не побелат и не станат како шлаг. Потоа се додава по малку од брашното. Со лажица мешајте ја смесата истовремено додека се додава брашното.
Така добиената смеса се става во сад од 16мм или 18 мм , претходно одоздола намачкан со путер и брашно. Се пече на 200 степени околу 10 мин. Доколку е потребно оставете го тестото да се пече уште некоја минута. Откако ќе се испече пандишпанот, се сече тестото на четири дела и се става на трите кори од филот и мармналадот, а на четвртата се става само од филот.
Добро се израмнува од страна и се декорира по желба.

You must be logged in to post a comment Login