Состојки:
600гр тиквици,
50гр путер,
бел бибер,
12 листови лазањи,
сол,
100гр горгонзола,
50гр моцарела,
15гр пармезан.
За бешамел сос:
50гр путер
50гр пченично брашно тип 400,
1л млеко,
мелен ѓумбир,
мускантно оревче,
бибер,
сол.
Подготвка:
Измијте ги тиквиците, па исечете ги по должина на тенки листови. Пропржете ги на путер, посолете со сол и бибер и тргнете ги од оган. Лазањите оставете ги да повријат во посолена вода (2-3минути), во која сте ставиле неколку капки зејтин, за да не се залепат листовите лазањи или употребувајте лазањи кои не се варат.
За бешамел сос: На путер лесно пропржете го брашното. Постепено додавајте го топлото млеко, постојано мешајќи додека да ја добиете соодветната густина. Додадете сол, бибер, малку мускантно оревче и ѓумбир.
На дното на огноотпорниот сад ставете малку бешамел, наредете еден ред лазањи, потоа нив прелијте ги со бешамел ,тиквици, изрендана моцарела и парчиња од горгонзола. Врз нив ставете ги листовите лазањи и повторете ја постапката, така на последниот ред лазањи ставете бешамел сос , изрендано сирење и пармезан.

You must be logged in to post a comment Login