Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Крокети со туна

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3-4 компири (поголеми)

* 4 супени лажици путер

* 1 кафена лажичка лук во прав

* 150 г туна од конзерва

* 1/2 кромид

* малку свеж магдонос

* 70 г кашкавал

* 70 г брашно

* 3 јајца

* 100 г презли

* малку сол и црн пипер

* масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сварете ги компирите и изгмечете ги како за пире. Додадете го путерот, лукот во прав, сол и црн пипер по вкус и добро измешајте.

Потоа додадете ја добро исцедената туна, ситно исечканиот кромид, ситно исечканиот магдонос и изренданиот кашкавал. Добро измешајте.

Откако компирот ќе се олади, додадете и едно јајце во смесата и повторно измешајте, а потоа формирајте мали топчиња со големина на орев.

Наредете ги топчињата на послужавник и ставете ги 10-15 минути во фрижидер.

Подгответе ги за похување, со тоа што прво добро ќе ги извалкате во брашно, па потоа во изматено јајце и на крајот, во презла. Можете во јајцето и во презлата да додадете уште малку сол или некои други зачини.

Вака подготвени, можете крокетите да ги замрзнете со тоа што прво ќе ги замрзнете на послужавник, за да не се допираат, а потоа можете да ги соберете во ќеса или кутија. Пржете ги во поголема количина на врело масло (најдобро во фритеза).О

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement