Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Крокети од карфиол

Потребни намирници:

1кг карфиол

2-3 парчиња стар лук

½ филџан брашно

½ филџан презла

1 јајце

1 супена лажица масло

1 кафена лажичка сол

1 супена лажица магданос

Карфиолот се сече на парчиња и се вари. Откако ќе се свари треба многу добро да се исцеди од водата, после што се пасира. Во смесата се додаваат јајцето, брашното и презлата. Се зачинува со сол и толчен лук. Се додава и малку масло.

Се подготвува тава со нелепливо дно или пак обична тава се покрива со хартија за печење. Со помош на лажица се прават топчиња, кои се подредуваат во тавата на растојание едно од друго. Се печат во загреана рерна на 220 степени по 5 минути од секоја страна. Крокетите се сервираат со кисело млеко.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement