Потребни производи:
– 3 лажици стопен путер;
– 25 г. пармезан, кашкавал или друг вид тврдо сирење, ;
– 3 г. лук во прав или 2-3 лукчиња ;
– 1 лажиче мајчина душица, може и сушена;
– сол и црн пипер по вкус;
– 8-10 компири со средна големина
Исечете ги компирите на тенки парчиња – дискови
Ставете ги во голем сад и додадете дел од стопениот путер, пармезан, мајчина душица, лук, сол и бибер по вкус. Добро промешајте.
Со останатиот стопен путер премачкајте го калапот за мафини.
Ставете ги парчињата во калапот. Компирот може малку да наѕира и над површината. Посипете црн пипер.
Печете околу еден час во однапред загреана рерна на 180 ° C. Извадете го јадењето од рерната и оставате го да се излади околу 5 минути.
Извадете ги компирите – мафини од калапот и посипете со пармезан и мајчина душица. Ако не ви се допаѓа мајчината душица, можете да користите оригано, босилек или рузмарин.

You must be logged in to post a comment Login