Време на подготовка: 2 часа и 30 минути / ќе направите 33 (околу 8 см долги) колачи
- 400 грама брашно
- ½ лажичка сода за печење
- ¼ лажичка сол
- 1 путер, на собна температура
- 200 грама шеќер
- ½ лажичка ванила во прав
- 1 големо јајце + 1 голема жолчка
- 1 лажичка екстракт од ванила
- Бои за храна
Чекор 1
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги заедно брашното, содата за печење и солта. Во друг длабок сад, иматете ги путерот, шеќерот и ванилата во прав, на средна брзина дури не стане мека смеса, околу 4 минути. Измешајте го јајцето со екстрактот од ванила. Со миксер на ниска брзина измешајте се во садот со брашно. Измесете убаво со двете раце. Исукајте го во тенок диск и тргенете го на страна тестото да опстои, околу 30 минути.
Чекор 2
Од тенко исученото тесто направете форми со калап во форма на јајце (можете во 3 големини доколку имате можност). Наредете ги во сад за печење, каде претходно е поставена хартија за печење. Оставете да опстојат 15 минути.
Чекор 3
За секој боја, ставете жолчка во длабок сад. Додадете 1 капка од саканата боја. Додадете малку вода и измешајте. Со четка нанесете на сите форми од колачите. Печете ги додека да добијат златеста боја, околу 15 минути. Оставете да се оладат и послужете.

You must be logged in to post a comment Login