Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Ќофтиња со зеленчук

Состојки:

-600 гр. мелено месо

-2 лажици соја сос

-1 лажица вињак

-1 лажичка шеќер

-1 јајце

-1 лажица пченкарно брашно

-200 гр. свежи печурки

-100 гр. фиде

-250 гр. кинеска зелка

-2 лажици сецкан корен од ѓумбир

-1 праз

-2 дл. јунешка супа

-0.5 дл. масло

-мешан зачин, бибер

Подготовка:

1.Соединете го месото, сојата, вињакот, шеќерот, јајцето и пченкарното брашно. Додајте ги зачините и рачно измешајте ја смесата.

2.Од подготвената маса обликувајте 15 топчиња.

3.Печурките, кинеската зелка и празот исечете ги на стапчиња.

4.Во поголема тава со загреано масло испжете ги топчињата.

5.На маснотијата која го пржевте месото, испржете ги печурките и празот, а потоа додајте го ѓумбирот и кинеската зелка, па кратко пропржете. На зеленчукот постепено додавајте му јунешка супа.

6.Пред крај на готвењето вратете ги топчињата во тавата, додајте го фидето и зачинете по вкус. Се заедно оставете да се готви 5 минути додека фидето не омекне.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement