Состојки:
- 150 g маст
- 150 g шеќер
- 3 лажици мак
- 2 ваилин шеќер
- 2 лажици јогурт
- Рендана кора од портокал
- 1 пудинг од ванила
- 500 g брашно
- 2 јајца
- 1/2 кесичка прашак за пециво
Подготовка:
Чекор 1
Во соодветен сад пенесто изматете ги јајца, шеќер и ванилин шеќер, па додадете јогурт, мак, маст и прашак за пудинг и рендана кора од портокал.
Чекор 2
Потоа на страна измешајте брашно и прашак за пециво, а потоа измешајте се во смесата. Се треба убаво да се соедини и да се замеси тесто. Оставете го тестото да стои 1 час во фрижидер.
Чекор 3
Земете модли и намачкајте ги со маст и посипете брашно, па од тестото кинете топчиња и втиснете ги во модлите. Внимавајте да не се преполни бидејќи ќе нараснат додека се печат.
Чекор 4
Модлите пречете ги во рерна на 220°C околу 30 минути.

You must be logged in to post a comment Login