Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Како да готвите побрзо и поефтино?

Секојдневното готвење знае да биде заморно, посебно кога сте уморни и гладни кога ќе се вратите од работа. Ама, познатите шефови на кујни со годините научиле да готват полесно и поповолно за да заштедат време – ние ви ги пренесуваме нивните совети

 

Мали залчиња

Suzen Goin, главната куварка во славниот ресторан A.O.C.  во Лос Анџелес вели дека е згодно да се зачуваат т.н. залчиња (finger food), односно храна која се јаде со прсти, па потоа да се подгрее. Кога правите мини пици, брускети или слични залачиња наредете ги во фрижидер и јадете ги следниот ден. Доволно е да ги подгреете, а некои од нив, ако се правилно подготвени, можат да траат и повеќе дена.

 

Искористете ги намирниците до крај

Главната ѕвезда на ресторанот Dream Away Lodge, Ејми Лавлес, се труди да ги искористи намирниците до крај. Така на младиот компир му ја остава лушпата затоа што така се уште повкусни после печењето. Истиот принцип можете да го искоритите за друг зеленчук, како краставица за салата или домат и морков ако се органски.

 

Заштена на време при подготовка

Кога подготвувате брза храна како stir-fry-a, големи се шанските да користите лук. Иако е идеален зошто им дава одлишен вкус на многу јадења, треба да се исчисти и исецка. Брук Восик, главниот готвач во ресторанот Bristol Lounge во Four Seasons хотелот во Бостон, има брзо решение за такви прилики. Лукот и слични намирници можете да ги изрендате, па ќе бидете побрзи готови со подготовките. Стиснете го со раката за да ја отстраните лушпата и изрендајте.

 

Кога сте гладни гответе едноставни јадења

Авторката на книгата „Sunny’s Kitchen: Easy Food for Real Life”, Сани Андерсон кажува дека никогаш не оди во ресторан кога е гладна, туку порадо нешто си спрема дома. Постојат многубројни намирници кои можете многу брзо да ги спремите. Потенко парче месо кое немора да се пече со часови, а пак рибата е готова за уште пократко време. На тоа додајте тестенини или ориз со малку салата и вечерата е готова.

 

Ништо без остри ножеви

Главниот кувар во италијанскиот ресторан Culina на Беверли Хилс, Мет Вилијамс, смета дека ништо неможе да направите ако немате остри и квалитетни ножеви. Со добри ножеви ќе бидете попродуктивни бидејќи секоја намирница ќе ја исечкате побрзо и ќе ја подготвите за готвење.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement