Уживајте во вкусот како вистинските Парижани!
Состојки:
- 500 g шампињони
- 1 кромид
- 250 ml павлака за готвење
- Свеж магдонос
- Сол и бибер
- Масло по потреба
Подготовка:
На масло пропржете го ситни сецканиот кромид, а потоа додајте ги ситно сецканите шампињони. Сипете литар и половина вода, ставете сол и бибер. Варете 10 минути, а потоа додатете ја павлаката за готвење. Ставете го ситно сецканиот магдонос и тргнете ја од оган.
Совет: Динстаните шампињони ќе дадат потполно нов вкус ако пред крајот ги попрскате со малку коњак.

You must be logged in to post a comment Login