Потребни состојки:
– 50 г. мек путер
– 1 пакетче рум шеќер
– 200 г. темна чоколада
– 50 г. чоколадни мрвици
Начин на подготовка:
1. Изрендајте 180 г. темно чоколадо, а остатокот, 20 г. исецкајте го на ситни парчиња.
2. Во сад со миксер добро изматете го путерот.
3. Постепено додадете ги румот и шеќерот, а потоа и нарибаната и исецканата чоколада. Направената смеса оставете ја околу 30 минути на ладно место.
4. Обликувајте од смесата кугли, и извалкајте ги во чоколадни мрвици.
Совет:
Доколку немате чоколадни мрвици, сличен ефект ќе постигнете и доколку ги извалкате куглите во какао.

You must be logged in to post a comment Login