Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Домашно трилече

Ретко кој не слушнал и кој не го пробал овој сочен и превкусен десерт, па повелете еден испробан рецепт за домашно трилече.

СОСТОЈКИ:

За пандишпан:

6 јајца

300 гр шеќер

1 ќесичка ванилин шеќер

300 гр брашно

1 ќесичка прашок за пециво

За прелив од млеко:

1 л млеко

750 мл слатка павлака (нематена павлака)

250 мл млеко за кафе (10 % масленост)

За премачкување:

По желба, може готов карамел крем.

ПОДГОТОВКА:

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките и шеќерот цврсто како шлаг и додавајте ги жолчките една по една, а при тоа не престанувате со матење се додека смесата убаво не се соедини. Потоа додајте го брашното заедно со прашокот за пециво и измешајте со голема лажица или жица. Смесата ставете ја во претходно намрсен и набрашнет плех 35х20х6 см. Ставете го да се пече околу 10 минути во загреана рерна на 200 степени, па намалете ја темературата на 180 и печете уште 20 минути. Готовиот пандишпан оставете го да се лади, но не премногу, треба да биде млак, а во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко. Млакиот пандишпан превртете го врз крпа и во плехот ставете половина од измешаното млеко. Во него така превртен ставете го пандишпанот и потоа дотурете го останатото млеко. Пандишпанот оставете го околу 2 часа за да впие од млекото, па исечете го на коцки, покријте го со фолија и ставете го во фрижидер неколку часа за добро да се разлади. Пред сервирање секоја коцка мачкајте ја со готов карамел.

На здравје!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement