Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Домашен тарт со свежи праски

Летото ни носи радости во многу облици, а една од нив се праските. Сочни и вкусни, веројатно сите имаме залиха на праски во фрижидерот, а зошто не би го сакале овошјето кое нè освежува и содржи само 60 калории.

neodoliv-tart-so-praski-0001.jpg

За овој рецепт ќе ви бидат потребни 5 состојки и само 30 минути, а резултатот е фантастичен тарт со праски, кој одлично оди во комбинација со кафе или чај.

Не треба да сте професионалец во кујната, бидејќи рецептот е едноставен, само треба да имате желба.

Neodoliv-tart-so-praski-02.jpg

Потребни состојки:

  • 1 готово лиснато тесто
  • 3 големи праски
  • 1 јајце
  • Шеќер во прав
  • 1 лажица лимонов сок

Neodoliv-tart-so-praski-04.jpg

 Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени.

2. Исечкајте ги праските и измешајте ги со сокот од лимон во мал сад.

3. Ставете го лиснатото врз хартија за печење. Полека и нежно направете рабови на тестото како за пица, на оддалеченост од околу 2,5 cm од краевите навнатре, но внимавајте да не го исечето тестото. Поминете ја целата внатрешност на лиснатото со врвот на виљушката со нежно притискање.

4. Изматете го јајцето со две мали лажички вода. Нанесете ја смесата на краевите од лиснатото тесто.

5. Печете во загреана рерна, од 15-17 минути или додека тартот не добие златна боја.

6. Откако ќе се олади, наросете шеќер во прав и дегустирајте.

Neodoliv-tart-so-praski-06.jpg

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement