Време на подготовка: 25 минути / ќе послужите: 2
- 300 грама шампињони
- ½ dl млеко
- 1 dl вода
- 4 чешниња лук
- 200 грама тестени за супа
- 1 лажичка брашно
- малку масло
- 1 морков
- магдонос по желба
- сол и бибер по желба
Чекор 1
Исецкајте го лукот на ситно и пропржете го во масло.
Чекор 2
Исецкајте ги шампињоните на тенки листови а морковот на тенки кругови и динстајте ги во малку вода, дури да омекнат. Кога ќе омекнат посипете со лажичка брашно, прелејте со млекото и 1 dl вода. Варете се заедно околу 10 минути, додаете ги тестенините и зачинете по желба.
Чекор 3
Варете се заедно околу 5 до 7 минути, дури да се сварат тестенините и посипете магдонос на крај.

You must be logged in to post a comment Login