Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Чоколадни шери мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 

125гр. путер

100 гр. чоколадо

250гр. слатко од вишни

150 гр. шеќер

2 јајца

150 гр. брашно

1/2 кесичка пециво

мала лажичка сол

За чоколадниот крем:

100мл. слатка павлака

150 гр. чоколадо

50 мл. слатка павлака

 

Ова е рецепт за слатко шери задоволство збогатено со големо количество на чоколадо. Мафиниве беа искористени како мини роденденски тортички.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени. Редиме хартиени корпички во калапот за мафини.
2. Путерот го ставаме во сад на оган да се растопи, на многу ниска температура (рингла од 1-6 на 2 ставена). Го тргаме од оган и во него го ставаме чоколадото па мешаме додека да се растопи. Шеќерот го додаваме откако ќе ни се растопи чоколадото и мешаме до соединување , па и лесно растопување.
3. Јајцата лесно ги матиме со миксер, колку да се разматат и ги додаваме во претходната смеса, го додаваме и брашното во кое сме го измешале пецивото, а и солта. Го ставаме слаткото од вишни и целата смеса ја промешуваме со шпатула.
4. Со лажица ставаме од смесата во секоја корпичка. Печеме во загреаната рерна околу 25 минути.
Додека се печат мафините го подготвуваме кремот
5. Слатката павлака (100 мл) ја загреваме во сад на рингла па го додаваме чоколадото да се растопи и соедини. Ја оставаме смесата малку да подизлади па убаво ја матиме со миксер.
6. Откако смесата ќе биде убаво измазнета додаваме во неа 50 мл слатка павлака и матиме кратко, се додека да се зголеми малку волуменот на кремот. Го ставаме во шприц и ги украсуваме веќе изладените мафини.

 

Откако ќе се испечат оставете ги уште десет минути во калапот за мафини.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement