Потребни состојки:
За крофните:
– ¾ чаша брашно,
– 1/3 чаша какао,
– 1/3 чаша кафеав шеќер,
– 2 лажички цимет,
– ½ лажичка морско оревче,
– пестофат зачин од чили пиперки,
– ½ лажичка сода бикарбона,
– ½ лажичка прашок за пециво,
– ¾ лажичка сол,
– 1 јајце,
– 1/3 чаша млеко,
– ¼ чаша масло за готвење,
– 2 лажички оцет (јаболков или обичен),
– 1 лажичка екстракт од ванила
За преливот:
– ¼ распарчено темно чоколадо,
– 3 лажици путер,
– ½ чаша шеќер во прав,
– 1 лажица павлака,
– 1 лажичка екстракт од ванила,
– ½ лажиче цимет
Подготовка:
1. Уклучете ја рерната да се загрее на 250 C.
2. Во голем сад се мешаат брашното, какаото, кафеавиот шеќер, зачините, сода бикарбоната, прашокот за пециво и солта. Оставете на страна.
3. Во мал сад, изматете ги јајцето, млекото, маслото, оцетот и екстрактот од ванила. Оваа мешавина полека измешајте ја со онаа што веќе ја имавте направено, и се заедно промешајте добро. Истурете ја добиената смеса во калапи за крофни. Внимавајте да не претерате со преливањето и да ги исполните до врв. Потребно е да наполните само 2/3 од калапите.
4. Се пече во загреана рерна 12 минути. Пред да ги извадите проверете дали се готови со помош на чепкалка. Доколку е сува, значи дека крофните се печени. Откако ќе ги извадите од рерна оставете ги да се подоладат, пред да ги прелиете со глазурата.
5. Во меѓувреме, додека крофните се ладат, направете и глазура. Во сад, се топат
чоколадото и путерот. Во друг сад, се мешаат павлаката, екстрактот од ванила и циметот, додадете ја едната мешавина во другата и соединете ги со мешање. Секоја крофна натопете ја во смесата и посипете со кокос или мрвици доколку сакате.

You must be logged in to post a comment Login