Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Чоколадна торта со ф’стаци

Вкупно време за подготовка: 2 часа / Порции: 10

Како круна со ф’стаците на врвот, чоколадната торта е навистина достојна да ја имате на вашата трпеза за време на празничните денови.

За тестото:

  • 1/2 чаша несолен путер, се сече на мали парчиња, дополнително за тавчето
  • 1 чаша брашно, дополнително за тавчето
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка прашок за пециво
  • 250 гр.чоколадо за готвење, грубо исецкано
  • 1 1/4 шолји шеќер
  • 1 лажичка чист екстракт од ванила
  • 2 големи јајца
  • 1/2 чаша ниско-маслено млеко
  • 3/4 чаша, несолени ф’стаци, грубо исецкани

За смесата од чоколадо:

1/2 чаша крем пена, слатка павлака

120 гр. чоколадо, грубо исецкано

1/4 чаша несолени ф’стаци, грубо исецкани

Чекор 1

За подготовка на тестото: Загрејте ја рерната на 350 степени. Ставете хартија за печење. Измачкајте ја хартијата со путер и брашно.  Во среден сад, изматете брашно, сол и прашок за пециво . Ставете го на страна.

Чекор 2

Во голем огноотпорен сад се топиме путерот и чоколадото, мешајќи често , 4-5 минути. Тргнете го садот од топлината. Измешајте шеќер и ванила, а потоа додадете ги јајцата, млекото и ф’стаците. Ставете го брашното во мешавината, и месете до добивање хомогено тесто.

Чекор 3

Готовото тесто се става во подготвената тава . Се пече, 60-70 минути. Потоа изладете го тестото во тавата околу 5 минути, па внимателно со нож се отстранува хартијата и се остава да се излади целосно, околу 3 часа. (За подолго чување, ставете го тестото во пластичен сад на собна температура , до 3 дена).

Чекор 4

За кремот: Во мал сад, загрејте го кремот до вриење; Потоа отстранете го од топлина . Додадете го чоколадото, и оставете го 5 минути; па мешајте ја смесата, додека не се изедначи . Оставете да се излади, 2-6 минути.

Чекор 5

Наместете го тестото на послужавник. Навијте ленти од пергамент хартија под работ на тестото за да се спречи капењето на кремот од послужавникот. Истурете го кремот во центарот на тестото и со нож, размачкувајте рамномерно на сите делови од тестото. Оставете, да отстои околу 30 минути. Отстранете ја хартијата од под тортата и посипете го врвот со ф’стаци.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement