Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Брз ручек: Пилешко со шампињони и павлака

Брзиот и динамичен живот сè повеќе бара одредување на приоритети за тоа на кои сегменти од животот ќе посветиме повеќе, а на кои помалку внимание.
vkusen-rucek-so-pilesko-za-site-koi-nemaat-mnogu-vreme-za-gotvenje-001.jpg

Една од грешките, која речиси сите често ја правиме е тоа што подготвувањето на оброците многу често го одложуваме и решаваме домашните оброци да ги замениме со брза храна или јадење по ресторани.

Овој рецепт за ручек со пилешко и шампињони е одлично решение за луѓето кои немаат многу време за готвење, но сепак сакаат да уживаат во оброци кои се подготвени дома.

Состојки:

  • 6 пилешки копани
  • 125g шампињони
  • 230ml супа
  • 100ml суво бело вино
  • 80ml павлака
  • 2 лажици сенф
  • 30g путер
  • 10g масло
  • 3 чешниња лук
  • мајчина душица
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Загрејте тава на оган и додадете го путерот во неа, а потоа и маслото.

2. Исушете ги копаните, така што ќе оставите да постојат на салвети. Испржете ги во тава, така што ќе оставите само малку простор меѓу нив за да бидат покрцкави. Штом станат златно-кафеави, тргнете ги од тавата.

3. Исечете ги печурките на четвртини и испржете ги во истата тава.

4. Додадете ги чешнињата лук, а потоа и белото вино.

5. Додадете ја супата, а потоа и сенфот.

6. Почекајте да зоврие и додадете ја павлаката.

7. Гответе го сосот 10-15 минути за да се згусне, а потоа додадете сол и бибер.

8. Истурете го сосот во тава за печење така што ќе покрива најмалку 3cm во висина од дното (мал керамички сад би бил најсоодветен).

9. Наредете ги пилешките копани во тавата. Наросете мајчина душица.

10. Печете 15-20 минути на температура од 180°C.

 

Vkusen-rucek-so-pilesko-za-site-koi-nemaat-mnogu-vreme-za-gotvenje-02

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement