Состојки:
– 2 големи парчиња брокула
– малку црвен кромид
– малку лук
– пола чаша сирење
– 150 гр. тестенини (од било кој облик)
– пола чаша павлака
– 2 лажици мајонез
– 1 лажица маслиново масло
– 1 лажица сусам
Подготовка:
Разделете ја брокулата на мали парчиња. Размешајте ја со ситно исецканиот кромид и лук.
Сварете ја тестенината и истурете ја водата. Додајте ја топлата тестенина во садот со брокули. Топлата тестенина ќе ги омекне брокулите.
Во еден сад направете го дресингот – измешајте ги павлаката, мајонезот, маслиновото масло и сусамот. Додатете сол по потреба.
Истурете го дресингот на тестенината и брокулите и измешајте убаво. Одозгора изрендајте го сирењето.

You must be logged in to post a comment Login