Потребни намирници:
2 јајаца
100 гр чоколада
4 супени лажици брашно
4 супени лажици путер
4 супени лажици шеќер
25 гр лешници
25 гр бадеми
Путерот се топи во тава и се додава искршената млечна чоколада. Кога ќе се стопи се довава и шеќерот при што постојано се меша. Продолжувате со мешање и ги додавате јајцата, а потоа брашното, лешниците и бадемите. Смесата треба добро да се измеша. Се пече 35 минути на 180 степени. Кога колачот ќе се олади, се поросува со рендана чоколада.

You must be logged in to post a comment Login