Време на подготовка: 45 минути / ќе послужите: 4
- 800 грама бело пилешко месо
- 400 грама шампињони
- 1 лажичка мелени пиперки
- 2 дл павлака
- 150 грама брашно
- 150 грама кашкавал
- 0,5 дл масло
- Мешавина од зачини, сол и бибер по желба
За бешамел сос
- 80 грама маргарин
- 3 лажички брашно
- 5 дл млеко
- Оригано
- Мешавина од зачини и бибер
Чекор 1
Пилешкото место исечете го на мали шницли и истенчете ги со толчник за месо. Зачинете ги по вкус и втријте ги од двете страни со брашно. Пропржете ги во врело масло, додека да поруменат.
Чекор 2
Шампињоните исечете ги на листови и пропжете ги во малку масло. Извадете ги од маслото и оставете да се оладат и по тоа измешајте ги со павлаката.
Чекор 3
Во огнотпорен сад ставете масло на дното и наредете го прженото пилешко во него, прелијте со печурките и павлаката. Печете во загреана рерна на 200 ºC 15 минути.
Чекор 4
Месото извадете го од рерната и прелијте го со башамел сос и посипете со кашкавал и запечете го додека не поцрвени.
Бешамел сос
- Во мало длабоко тенџере истопете го маргаринот и по тоа додадете брашно и кратко пропржете.
- Истурете млеко, додаете го ориганото и зачинете по вкус и по тоа гответе го сосо на умерена температура со мешање се додека не се добие потребната густина.

You must be logged in to post a comment Login