Оригинален американски рецепт, кој го правеле Индијанците уште пред откривањето на Америка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг компири
3 варени јајца
2 главици кромид
6 кисели краставички
4 лажици јаболков оцет
сол, бибер
мајонез
пола китка ситно сечкан магдонос
црвен пипер
оригано (по желба)
ПОДГОТОВКА:
Компирите излупете ги и исечкајте ги на мали коцки. Во тенџере со солена вода, ставете ги компирите да се варат.
Ситно исечкајте ги кромидот, краставичките, варените јајца и заедно со оцетот, сол, бибер и црвениот пипер, ставете ги во сад и убаво измешајте ги.
Кога компирите ќе бидат сварени и топли ставете ги во садот со измешаните состојки. Измешајте ги компирите со состојките оставете ги да отстојат 10 минути, за да ги впијат зачините.
По 10 минути ставете ги мајонезот и јајцата. Ставајте мајонез додека не се поврзе цела салата. На крај, ставете го магдоносот и убаво измешајте ја целата салата.
Совет!!!
Ако салата ви изгледа многу густа, ставете малку млеко за да се разреди.
Уживајте!!!

You must be logged in to post a comment Login