Понекогаш сите ние посакуваме да направиме некој прилично едноставен рецепт, но да изгледа доволно невообичаено за да ги изненади сите.
Па, токму затоа, некогаш е многу подобро да одберете некое лесно тесто за подготовка, а од него да направите некое јадење кое ќе изгледа како букет од рози или копчиња, листови…
Не само што ќе ви биде забавна подготовката, туку и членовите од семејството ќе бидат изненадени од вашата креативност.
Неколку идеи:
1. Рози од тесто
Тенок слој на тесто, исполнет со некакво вкусно полнење како мелено место, зеленчук или кашкавал, само изролајте го и откако ќе го испечете ќе добиете прекрасни рози.
2. Крушки во лиснато тесто
Излупете ги крушите, пресечете ги на половина и препокријте ги со лиснато тесто.
3. Бисквити како копчиња
Изгледот можете да го добиете така што на средина бисквитите ќе ги притиснете со капаче од пластично шише, а на средина ќе направите четири мали дупчиња.
4. Ѕвезден колач
Потребни ви се две теста, едно на кое ќе ја нанесете смесата од чоколадо и друго со кое ќе го препокриете првото преку сечење на краевите и вртење, како на фотографиите.
5. Пита која изгледа како хризантема
Направете мали кругови од тесто кои ќе ги наполните со мелено месо и малку кашкавал и завиткајте ги како за кнедли. Редете ги едно до друго во тава за печење.
6. Зајчиња
Направете топки од тесто, а потоа исечете ги како на фотографијата со ножици и направете две мали дупчиња со чепкалка за очите.
7. Отворени колачи полени со јаболка
Направете триаголници, пресечете ги како на фотографијата, наполнете ги со смеса од јаболко и навртете ги.
8. Цветови од камилица полнети со џем
Потребна ќе ви биде модла во форма на цвеќе, а потоа и калап за печење. Цветовите наполнете ги со џем по желба.
9. Чоколадни кроасани
Потребни ќе ви бидат две различни теста, едното обично, другото со какао. Наизменично измешајте ги, односно ставете ги едно врз друго и ќе добиете невообичаени кроасани.
10. Торта со сладолед
Подгответе тесто за мафини, испечете го, а потоа, на горниот дел направете дупка со притискање со калап. На колачите, ставете по една топка сладолед.
11. Кошничка од тесто
Потребно ќе ви биде трпение, но на крајот сè се исплати. Само водете се од фотографиите како треба да го навртите тестото.
12. Цветови од лиснато тесто полнети со џем
Направете мали топчиња од тесто, внатре наполнете ги со малку чоколадо и спојте ги краевите како на фотката. Засечете го горниот дел со ножици и печете. На крајот ставете малку џем по желба одозгора.
13. Колач од рози
Од целото тесто треба да издвоите мали делови, повторно да ги мести, навртите во кругови, засечете и печете. Само следете ја инструкцијата од фотографиите и на крајот уживајте во своето ремек-дело.
14. Ролнички со виршли
Во тестото ставете виршла, навртете го тестото околу виршлата, пресечете го неколкупати и секој дел посебно, наредете го еден до друг.
15. Ролнички со пица полнење
Направете тесто како за пица. Ставете на него сос од домати, кашкавал и омилената салама. Навртете го тестото како за ролат. Пресечете го на тенки делови и печете.
16. Совршен зебра колач
Потребни ви се два дела тесто, едно обично и едно во кое ќе додадете какао. Започнете со полнење слој по слој како на фотографијата и печење.
17. Колач со рози од јаболка
Излупете ги јаболката и од нив со извртување направете рози кои ќе ги наредите горе над колачот.

You must be logged in to post a comment Login