Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Влијанието на работата врз емотивниот и друштвениот живот

Работата може да биде извор на гордост и задоволство за некои од нас. За други пак, таа претставува нужно зло или уште полошо, извор на сите фрустрации и проблеми. Третина од болестите кои ги погодуваат луѓето се развиваат поради стресот кој го предизвикуваат проблемите  на работа.

Водете сметка за тоа кога чувствувате притисок и тежина во градите и главата поради роковите кои ве притискаат, шефот кој секогаш ви дише во врат или колегата кој ве излудува.

Овие податоци можеби ви се чинат претерани, но тие се точни. Ако можете да се поистоветите со некоја од ситуациите наведени во продолжение, големи се шансите стресот негативно да се одразува врз вашето здравје, врска, брак, па дури и убавина.

 

Ова се факторите на работното место кои влијаат на хроничниот стрес:

 

– досадни задачи кои постојано се повторуваат

 

– имате ниско ниво на контрола над она што го работите

 

– напорни колеги или недостаток на пријатели на работното место

 

– не сте сигурни дали ќе ја задржите работтата (постојано се плашите дека ќе ја изгубите работата)

 

– ноќни смени и смени кои постојано се менуваат

 

– изложеност на бука

 

Да резимираме – разликата помеѓу акутните и хроничните причинители на стресот на работа е врзана со вашиот однос кон работното место. Кога чувствувате дека немате контрола над она што го работите, кога чувствувате дека од вас премногу се бара, па згора на тоа и немате поддршка од пријателски настроени личности – изложени сте на голем стрес и на разорното влијание кое го има врз вашето физичко и психичко здравје..

Акутениот стрес се повремените проекти кога мора подолго и понапорно да работите, но тој е токму тоа – повремен, Кога стресот ќе стане дел од секојдневието и хроничен, тоа може да биде погубно за вас и за вашите односи со луѓето, особено со саканата личност со која го делите животот и животниот простор.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement