Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Со неколку чекори до подобра комуникација

Добрите комуникациски вештини се важни за секоја кариера, особено каде што се работи со клиенти. Добрата комуникација е важна алатка за продуктивноста, но честопати се занемарува. Лошата комуникација, често доведува до лоши резултати: губење време, фрустрација, неефективни состаноци и непродуктивна тимска работа, што може да доведе до генерален неуспех во работата и постигнувањето на целите.

За да бидете добри во комуникацијата, мудро би било да ги искористите овие совети кои можете да ги примените и на работното место, но и во животот воопшто. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, правилата не се менуваат.

Бидете јасни во исказот

Можете да разговарате со кого било, но не очекувајте тој да ви ги чита мислите. Важно е да знаете јасно да се изразите, а не да зборувате одоколу со надеж дека другата страна ќе сфати што сте сакале да кажете. Само вака, недоразбирањата ќе бидат сведени на минимум, а личноста со која зборувате секогаш точно ќе знае што мислите и што сакате да кажете. На тој начин ќе воспоставите однос заснован на доверба.

Покажете почит

За време на разговорот, секогаш покажете дека го цените времето на индивидуата со која зборувате. Времето е екстремно скапоцен ресурс во деловниот свет, па затоа е важно да имате обѕир кон времето на другите. Воедно, покажете дека го цените и придонесот кој го дава соработникот.

Бидете позитивни

Позитивниот став е важен за продуктивноста на разговорот. Подобро е да бидете конструктивни, отколку да бидете негативни и да се жалите. Кога луѓето се чувствуваат нападнати или кога ги критикуваат, обично се затвораат во себе или заземаат дефанзивен став. Доколку се најдете во ситуација во која вашата трпеливост е ставена на тест, прекинете со разговорот на кратко, вдишете длабоко и напијте се вода. Кога ќе почувствувате дека повторно сте со „ладна глава“, продолжете со разговорот и слушнете што сакаат да ви кажат.

Поврзете се со соговорникот

Доколку е возможно, поврзете се со соговорникот на лично ниво. Дури и во деловната комуникација, може да најдете заеднички интерес со соговорникот на пр. некое заедничко хоби, спорт, деца и сл. Избегнувајте теми како што се политика или верски убедувања. Чувството на поврзаност за време на разговорот може да направи голема разлика во исходот на настаните, но и да влијае на иднината на комуникацијата.

Внимавајте на тонот

Иако понекогаш треба да бидете наметливи за да постигнете одредена цел, не бидете агресивни. Постои тенка линија меѓу овие две работи па обидете да не ја преминете. Непријателскиот тон никогаш не е продуктивен. Бидете убедливи и директни и зборувајте со смирен и соработнички тон.

Фокусирајте се на резултатите

Важно е да знаете што сакате да постигнете пред воопшто да започнете со разговорот. Познавањето на целите може да ви помогне во тоа да бидете директни во комуникацијата и да останете на вистинската насока. Што се надевате дека ќе постигнете? Мислите да остварите соработка за во иднина или да работите на заеднички проект? Можеби ви треба совет во врска со нешто? Текот на разговорот нека биде насочен кон остварување на вашите цели.

Слушајте

Бидете учтиви и не прекинувајте го соговорникот. Никој не сака да биде прекинуван и покрај тоа што природно ни доаѓа да направиме така кога сакаме побргу да искажеме поента. Не заборавајте дека тоа е израз на непочитување на туѓите мисли. Имајте отворен ум и обидете се ја да разберете перспективата на другиот. Една од најважните комуникациски способности е да научите да го цените туѓиот поглед на работите.

Забележувајте ги невербалните показатели

Внимавајте на гестикулациите. Негледањето в очи, расеаноста, крцкањето на прстите, тропањето со стапалата или некои други слични знаци, покажуваат на вознемиреност и нетрпение. Проѕевањето и воздивнувањето честопати се показатели за ментален и физички замор. Кога ќе забележите некој од овие знаци, знајте дека разговорот нема да биде најпродуктивен. Во тој случај, подобро завршете го разговорот или прашајте на што се должи оваа неудобност, се разбира, доколку односот ви го дозволува тоа.

Одржете го зборот

Комуникацијата е нешто многу повеќе од обично зборување. Дури и ако се договорите околу нешто совршено добро, тоа ништо не значи доколку не си го одржите зборот. Нека ви биде јасно кои се крајните рокови, обврски и очекувања. Доколку треба да направите релевантен договор, тогаш најдобро нека биде писмен. Јасното давање до знаење какви се очекувањата и обврските, може да помогне во избегнувањето на конфликтите во иднина.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement