Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Што прават успешните луѓе пред спиење?

Последното нешто што го правите пред спиење има значително влијание врз вашето расположение и ниво на енергија што ќе го имате следниот ден. Успешните луѓе знаат дека нивниот успех започнува и завршува со менталното и физичкото здравје за кое најважен е сонот и малите ритуали пред спиење, според Business Insider.

Еве што успешните луѓе обично прават пред спиење.

1. Читаат

Експертите се согласуваат дека навиката за читање пред спиење е многу добра. Читањето влијае на вашата креативност, го проширува вашиот ум и Ве опушта.

2. Медитираат

Само десет минути на медитација пред спиење го чисти вашиот ум и го релаксира вашето тело.

3. Размислуваат за денот кој е зад нив

Сумирајте го вашиот ден и присетете се на нешто добро што ви се случило. На овој начин , ќе се разбуди во вас позитивно чувство на благодарност.

4. Создаваат ” to-do ” листа за следниот ден

Направете листа од ваши обврски што мора да ги направите следниот ден и така од својата глава ќе се ослободите од непотребните мисли.

5. Забораваат на работа

Успешните луѓе целосно забораваат на работата пред спиење. Не проверувајте e-mail-ови и целосно исклучете го размислувањето за работните обврски.

6. Поминуваат време со саканите

Играјте со кучето , разговарајте со своите деца или партнер , така ќе се поврзете со оние што ги сакате, бидејќи тоа ќе создаде во вас чувство на блискост и позитивност.

7. Го планираат точното време за спиење

Испланирајте кога ќе одите во кревет и кога ќе станете, и точно одредете колку сон ви е потребен. Така ќе создадете здрав циклус на спиење.

8. Легнуваат со позитивно размислување

Без разлика колку вашиот ден поминал лошо, пред спиењето ослободете се од негативните мисли, за да започнете нов ден без песимизам.

9. Го замислуваат утрешниот успех

Пред спиење замислете позитивен исход на проектите на кои работите .

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement