Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Портокалова боја: Совршен избор за канцеларија

Дали знаете дека начинот на кој ги уредувате просториите може да влијае на вашата продуктивност? Врз основа на оваа теорија, експертите изнесоа заклучок дека ако константно ви недостасува концентрација и страдате од недостаток на продуктивност, најдобар избор е топла нијанска на портокалова боја.
Според древните принципи на фенг шуи, портокаловата е боја јанг, која ќе го стимулира вашиот фокус, концентрација и боја која ќе ја подобри вашата организираност.  Заради тоа, портокаловата боја е совршен избор за канцеларија или работно катче во домот. Но, дури ни самата боја не е толку важна, се додека нијансата е светла.
Она што одредува дали одредена боја стимулира или смирува е нејзиниот интензитет. Така, силните светли бои ќе имаат стимулирачки ефект, додека пригушените нијанси смируваат, тврдат експертите. Затоа, доколку сакате да бидете попродуктивни, бирајте впечатливи светли нијанси.
Доколку не се чувствувате спремни да ги обоите ѕидовите во оваа храбра боја, портокаловата може да ја внесете во просторот преку различни детали, како вазни, украси, перничиња или пак столици.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement