Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Ноќното работење го пореметува дневниот ритам

Луѓето кои имаат потешкотии со сонот по напорната ноќна смена би требало да се завртат кон методите за релаксација“, препорачува германскиот психолог Хилкраут Паридон.

„Без разлика дали се работи за шолја чај, читање весник или туширање, секој мора за себе да го пронајде она што му одговара“, вели Паридон и додава дека мирната околина и затемнетата просторија се важни за добриот дневен сон.

Работата во смени не е здрава, бидејќи нашите тела не се создадени за ноќна работа, а негативните последици може да бидат психички, телесни и социјални.

Некои луѓе полесно работат навечер, но некој не би смеел да работи подолго време навечер, бидејќи телото го следи ритамот од 24 часа, а хормонот за спиење најчесто се испушта навечер, па затоа се пореметува дневниот ритам.

Многу од луѓето кои работат ноќе патат од пореметување на спиењето, не можат да заспијат после ноќната смена или не можат доволно долго да спијат во текот на денот.

Многу нарушувања во организмот, како болестите на крвните садови и лошото варење може да се поврзат со ноќната работа.

Според зборовите на Паридон, лошите ефекти од ноќната работа се и од социјална природа, бидејќи тоа влијае на социјалните контакти , но и на друштвената изолација.

Концентрацијата и енергијата во текот на денот се многу помали, па поради тоа, треба многу повеќе да внимаваат, да се хранат здраво и да вежбаат, за да можат барем малку да го одржат здравиот начин на живот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement