Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Неколку совети за кариерата

Кога се работи за кариерата, постојат дефиниции кои се учат на памет, но во реалниот живот не можат да нѝ помогнат. Сепак, тоа е свет на промени и напредокот кој ќе го оствариме зависи од нашата способност за адаптација.

Ова се 5 нешта за кариерата кои не сме ги учеле на училиште, а за кои ретко се дискутира; често се потценувани, но се од огромна важност за постигнување на деловен успех.

„Не потценувајте го ласкањето“

Вели Иванка Трамп, извршен потпретседател на Trump Organization и ќерка на познатиот бизнис магнат Доналд Трамп. Покажете им на вашите надредени дека вредите за секој денар со тоа што ќе доаѓате порано, ќе останувате подоцна и ќе волонтирате за дополнителна работа. Земете ги нештата во свои раце и покажете дека сте одговорен работник.

Создадете мрежа на контакти

Тоа значи дека треба да одвоите поголем временски период кој ќе го посветите на контактирање со разни луѓе од различни бранши и со различни карактери. Индустријата е немилосрдна машина и доколку самите не се изборите за место, никој нема да го стори тоа за вас. Посетувајте настани, одете на коктели и забави, фотографирајте се. Сѐ што ќе направите е чекор напред.

Користете приказни наместо придавки кога зборувате за себе на интервју

Наместо да се употребувате придавки како: трудољубив/а, посветен/а, флексибилен/на итн., раскажете како сте научиле некоја вештина, како сте дошле до некакво конкретно знаење или некоја анегдота поврзана со темата.

Научете да преговарате за повисока плата

Моментот кога веќе чувствувате дека сакате да побарате повисока плата е еден од најзастрашувачките. Не знаете каков одговор ќе добиете, нити пак дали вашето барање ќе го смени мислењето на претпоставените за вас. Сепак, бидете храбри. Ако не ризикувате, нема да добиете. Начинот на кој ќе побарате повисока плата треба да биде во согласност со приликите во компанијата. Преговарајте, истакнете какви други одговорности би превзеле, но имајте на ум дека не е сѐ во парите.

Достоинствено справете се со отказ

Ако добиете отказ, тоа не значи дека е крај на вашата кариера, туку крај на еден дел од неа. Земете два-три дена одмор за да размислите што понатаму и со нови сили тргнете во нови походи. Можеби токму следната работа ќе ве направи уште посреќни и поисполнети. Ако на следното интервју ве прашаат зошто сте биле отпуштени, само одговорете: „Беше време да продолжам понатаму“ и веднаш насочете го разговорот кон вашите минати достигнувања.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement