Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како успешните луѓе го поминуваат слободното време?

Со денови го очекуваме, а потоа може да бидеме жртва на преголеми очекувања, па да ја започнеме новата работна недела незадоволни и уште поуморни. Проверете што стручните лица препорачуваат да правите во текот на еден викенд за да го доживеете kкако вистински одмор.

Ова го прават успешните и среќни луѓе, па можеби ќе пробате и вие…

1. Резервирајте време за семејството и пријателите. Ова е посебно важно, затоа што во текот на неделата сè помалку време минувате со саканите личности.

2. Секој би требало да е активен за време на викендот, посебно ако вежбањето го изоставивте веќе подолго време. Тоа е совршена активност за да го разбистрите умот и да осмислите нови идеи.

3. Успешните луѓе за време на викендот се посветуваат на работите кои им се важни и кои ги сакаат, па затоа е паметно да поминете повеќе време на активностите кои ве прават среќни и исполнети.

4. Одморете се, викендот пред сè е време кога треба квалитетно да ги опуштите мускулите и да уживате во минимум 8 часа сон.

5. Имајте навика да се исклучите од сите мејл адреси и социјални мрежи. Супер би било и ако прошетате без мобилниот телефон и без да одговорите на деловните повици.

6. Волонтирајте во некоја хуманитарна организација и запознајте луѓе со малку поразлични животни навики и вредности. Бидете креативни и задоволни со она што го правите.

7. Избегнувајте ги ситните поправки за време на двата слободни денови. Доколку навистина не ви е неопходно, подобро е да се одморите од непотребните физички активности.

8. Направете план и бидете поделотворни од било кога.

9. Дружете се и не ги изоставувајте или откачувајте пријателите кои ќе ве викнат на утринско кафе, пиво или излегување. Бидете активни кога и да можете на друштвено поле.

10. Запознајте нови луѓе и воспоставувајте нови контакти кога и да ви се пружи шанса. Никогаш не знаете кој кога ќе ви се најде.

11. Размислувајте за вашите можности и постигнувања. Зголемете ја самодовербата за само неколку часа и убедете се дека сè што до сега сте постигнале е успехот кој ви е потребен.

12. Медитирајте. Понекогаш потребен ви е мир и потполна тишина, ништо повеќе…

13. Наполнете ги батериите така што ќе го успорите темпото за време на викендот. Имајте помалку обврски, а повеќе време за уживање.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement