Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како да ја завршите работата на време?

Жонглирањето со педесет различни проекти во рака одеднаш може да направи да се чувствувате како супер-жена, но не сте суперхерој. Истражувањата докажуваат дека  луѓето кои се фокусираат само на една работа во одредено време, ги завршуваат обврските и работните задачи многу поквалитетно. Ониe пак кои ги преценуваат своите способности секогаш го завршуваат работниот ден со заостанати работни задачи.

Виновник за тоа е недостаток на фокус, ако имате јасна цел на почетокот од денот за претстојниот работен ден и ако ги завршувате обврските една по една, тогаш нема да имате никаков проблем.

Ако сакате да имате ефикасен работен ден, користете ги следниве трикови и веднаш ќе забележите промени:

Исклучете и елиминирајте се што го одвлекува вашето вниманието

Заборавете на телефонот, на вашиот емаил и се друго што ја намалува вашата концентрација за да продолжите со работа. Прифаќајте ги само оние повици кои се важни, како на пример од директорот или шефот, и оние кои се поврзани со вашата работа. Пријателите можат да почекаат до паузата.

Рокови

Вашиот шеф може да ви даде пет различни задачи, но тоа не значи дека треба сите одеднаш да ги завршите. Започнете со онаа задача која е  најважна, а потоа нека следат оние кои не се толку итни.

Тогаш кога концентрацијата е најголема

Дали сте утрински работници или оние кои најпрво сакаат да се расонат со шоља кафе, а потоа да започнат со работните обврски? Оставете ги најтешките работни задачи за оној дел од денот кога сметате дека имате најмногу енергија и најголема концентрација.

Направете листа на задачи

Секоја вечер после работа, направете листа на главните цели што треба да се реализираат следниот ден. Расчленете ја секоја работна задача на нејзините составни делови, така што ќе знаете што точно треба да се направи за секоја поединечно и на кој дел да се даде приоритет.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement