Дури и ако не ја сакате работата што ја работите, не е баш така лесно да му кажете на вашиот претпоставен дека сакате да ја напуштите работата.
Пред да дадете оставка, најнапред треба да бидете сигурни во одлуката. Дури и ако имате понуда за друга работа, добро размислете.
Земете ги предвид следните работи: работната средина, флексибилноста, платата и бенифициите, дополнителните работни одговорности.
Ако новата работа е во предност во однос на сите точки, тогаш не двоумете се.
Еве неколку чекори што треба да ги превземете пред да ја напуштите и како да ја напуштите работата:
Пред да ја напуштите почнете со барање на друга работа или некаков извор за приход, освен ако вашиот партнер заработува доволно така што ќе ја покрие вашата загуба.
Напишете оставка, кратко и професионално објаснете зашто ја напуштате работата и кога планирате да заминете
Претпоставениот информирајте го лично уште пред да кажете на било кој друг од вработените
Потенцирајте ги позитивните работи во работењето во компанијата, немојте да бидете негативни
Пред да заминете не заборавајте да побарате писмена препорака од претпоставениот, така ќе имате документација за вашите квалификации за потенцијалните работодавци
Известете го претпоставениот навреме, да има време да ви најде соодветна замена, и понудете се да помогнете.
И за крај, не се извинувајте, туку заблагодарете се !

You must be logged in to post a comment Login