Постапката на сите ви е добро позната, ви треба работа, го средувате вашето резиме, го праќате секаде и поминувате безброј ноќи непреспиени прашувајки се зошто не добивате никаков повратен одговор. Време е да се потрудите уште малку повеќе. Еве како потрагата да ја ставите во 5та брзина, за конечно да можете да спиете подобро.
Кажете им на сите
Буквално на сите. Не е битно ако им звучите како расипана плоча. Која е поентата? Во маркетингот се’ се основа на повторување. Се вели дека пораката треба да се повтори три пати за слушателот да ја запамети. Истото важи и кога станува збор за барањето работа. А вие сакате луѓето да запамтат дека барате работа и кога ќе чујат дека нешто се нуди да се сетат на вас.
Клучно е да им кажете и на оние луѓе кои на прв поглед не ви изгледаат како некој кој би можел да ви помогне, дали поради тоа што не се поврзани со вашата струка или поради тоа што живеат во друг град. На пример, сигурно мислите дека ако му споменете на некој пријател од средно кој работи на полето на информатиката дека барате работа како правник, попусто ќе зборувате. Но, тој сигурно има пријатели во различни кругови и постои веројатност дека познава токму некој на кого му е треба работник со вашите квалификации. Никогаш не се знае.
Бидете специфични
Кога зборувате со некого за тоа дека барате работа, бидете конкретни. Наместо само да кажете „Барам работа“, кажете каква точно работа барате и каде би сакале да го работите тоа (и бидете реални притоа). На пример кажете дека барате работа како комерцијалист во здравствената индустрија.
Специфичноста и нагласувањето на клучните зборови ќе им даде насока на луѓето околу вас и полесно ќе можат да ве поврзат вас со одредена информација која би можела да ве интересира. Најверојатно ви се случило да чуете дека се отвара ново работно место, но не сте го споделиле тоа со вашите пријатели. Но, доколку некој веќе ви кажал дека бара работа со одреден профил во некоја струка веројатно би му кажале.
Бидете подготвени
Ако моменталното работно место не ве задоволува, најлошото нешто што можете да го направите е да чекате до моментот кога ќе ви дојде премногу за да почнете да барате нова работа. Потрагата по нова работа е навистина напорна задача. А кога се истоштувате на веќе постоечката работа, ви останува многу малку време за други активности. Затоа секогаш треба да барате нови можности и да не чекате да дојде моментот кога работата ќе ви виси на конец. Постојаното следење на пазарот на трудот ќе ви даде отворен поглед кон нови опции и поголема шанса да најдете работа каква што навистина сакате.

You must be logged in to post a comment Login