Успешните и паметните жени решиле да ги поделат нивните тајни со вас. Еве што е клучот за нивниот успех. За да станете лидер не е лесна работа и претставува голем предизвик. Овие неколку работи би можеле да ги спроведете и самите за да можете да напредувате во кариерата.
1. Заложете се за себе
– Мојата прва работа беше приправник во голема адвертајзинг компанија. Вториот ден на работа, беа повикани сите жени кои биле вработени. Се испостави дека сум го погрешила состанокот бидејќи тоа било состанок за рецепционери и секретарки. Кога тргнав да излезам од состанокот бев опоменета со зборовите “Каде си тргнала млада дамо, седнувај доле!”. По состанокот плачев неверојатно, но сепак ги избришав солзите и отидов кај директорот и се пожалив. На тој начин научив како треба да ја превземам одговорноста за сопствената кариера – изјавила Лиса, која е виш потпретседател за маркетинг, која работи во Allstate Insurance Company.
2. Запознајте ги вашите вредности
Кога почнав да работам, генералниот директор ме праша дали можам да му помогнам околу проектот што вклучување работа вон работното време. Прифатив но со услов да добијам надомест за таа работа – изјавила Кристин Осекоски, издавач во компанијата Fast Company.
3. Побарајте помош
– Неодамна прашав колега за помош околу мал дел. Добив и многу повеќе отколку што побарав – кажала директорката на BBDO ad agency Кристин Фланик.
4. Eдна личност на која и верувате, да биде брутално искрена према вас
– Дозволете си себе си некој да ви укажува на вашите грешки. Јас за мислење го прашувам мојот сопруг. Иако ќесто не се сложувам со него, знам дека неговиот совет е добронамерен – советува Линда Боф, ексклузивен директор на General Electric.
5. Важно е да имате смисла за хумор
– Групата на која сум одговорна каснеше. Им пратив на сите имејл со хумор, кој ги мотивираше работата тој ден да ја извршат побрзо – изјавила Ким Кадлек која работи во компанијата Johnson & Johnson.
6. Размислувајте вон шаблонот
– По 2 ипол години работа, размислував како да ја унапредам својата позиција. Го користев сето мое знаење и развив нови планови. Ги презентирав на мојот шеф сите свои забелешки и предлози и тој прифати, а јас добив унапредување – советува Шон Оутлер вработен во Macy’s.
7. Направете сопствен избор
– Секоја компанија има одбор кој советува. Јас исто така составив свој одбор кој им помага на прифаќање на нова работа во Фејсбук – рекла Каролин Еверстон, заменик претседател за глобален маркетинг во Фејсбук.

You must be logged in to post a comment Login