• Сподели на:

Што секоја мајка може да пише во своето CV и да заслужи бонус на платата!

___

Секоја жена која работи, има маж и деца заслужува аплауз, бидејќи и покрај сите обврски кои секојдневно ја притискаат таа успева со сѐ да излезе на крај.

Секоја деловна жена, мајка и сопруга заслужува медал за посветеност, непресушна енергија, грижа и љубов која секојдневно ја дарува на своите сакани, а покрај тоа и успева да ги заврши работните обврски и да изгледа уредно и убаво. Значи, жените се херои сами по себе, бидејќи успеваат да се изборат со секој предизвик кој ќе им излезе на патот.

За нивните вештини можеме да зборуваме до утре, но овие се некои кои слбодно секоја мајка може гордо да ги напише во своето CV, a за истите без лажна скромност таа заслужува огромна плата!

Работа во смени

Прехранување на своето дете во раните утрински часови, лулање, преслекување, нејзината работа секако влегува во ноќна смена. Било каде во светот би се побуниле за прекувремена работа. На мајката тоа и влегува во рокот на службата. Поради тоа се кралици на кои секако им симнуваме капа.

Креативен директор

Било да се на плажа на годишен одмор, или да се шетаат во парк, мајките трошат многу енергија за да смислат адекватна забава за своите деца. Кога е убаво времето, многу е полесно бидејќи децата се на отворено, но до креативно гушење доаѓа во зимскиот период кога од ден на ден, цели три месеци морате да смислувате нешто ново за да ги забавувате малишаните за да не паднат во искушение да гледаат телевизија.

Санитарен инспектор

Без разлика дали менуваат пелена или пак ги чистат остатоците на храна од подот, или ги мијат шишенцата од цуцлите, додека детето не наполни две години, мајката се здобива со титулата санитарен инспектор.

Библиотекар

Мајките читаат, прераскажуваат, измислуваат нови приказни и така поминуваат часови и часови во креативно дружење со своите деца. Не им претставува проблем ни кога мораат истата сликовница да ја читаат секој ден иако на полицата има уште 50-тина други.

Терапевт

Тешко е да се биде дете. Да се поминува низ емотивна бура обидувајќи се да ги сватиш чувствата кои знаат силно да преплават. Најдобрите терапевти кои знаат да сослушаат, утешат и искрено да прегрнат се мајките.

Аниматор

Било да се глупира или да пее заедно со децата, игра жмурка или чита една те иста приказна по стоти пат, мајките се аниматорки и ним им нема рамни. Во друштво на своите деца понекогаш ќе помислат дека се најзабавните луѓе на светот.

Судија

Го лоцираат проблемот, даваат оцена за престапот, одредуваат казна согласно претходно востановени правила на игра. Кога станува збор за дисциплината, мајките навистина мора да ги знаат правилата за да можат да бидат праведни и правични како вистински судии.

Портпарол

Одговараат на најнеобични прашања оправдувајќи, објаснувајќи, обидувајќи се да заташкаат непријатен инцидент. Како на пример одговор на тотално брутални прашања кои само деца можат да ги постават. Мамо, а зошто оваа тетка изгледа како маж? И слични.

Личен асистент

Да се биде мајка е како да се биде личен асистент на некоја позната личност. Децата, имено се многу пребирливи кога е во прашање храна или облека. Многу лесно ќе фрлат на вас играчка ако ги налутите, но ако се задоволни ќе ве изгушкаат како никој претходно.

Нутриционист

Сите мајки дефинитивно заслужуваат плата и за улогата семеен нутриционист. Тоа е и те како тешка улога, поготово кога поради непреспиена ноќ, сендвич или хамбургер се чинат за поеднастовно решение. Но, и покрај сѐ мајките се трудат да им дадат на своите деца здрава храна.

Стоматолошки асистент

Мајките се тие кои се грижат забите на нивните деца да бидат здрави. Им ги четкаат забите, а особено голем е предизвикот кога на едногодишно дете се обидувате да им ги измиете забите без да ја изедат пастата за заби и без да ве гризнат.

Преговарач

Облекување, излегување надвор, бањање, хранење, сѐ се тоа обврски кои морате да ги направите за вашето дете, особено кога е во некоја своја бесна фаза, а кои изискуваат надчовечки преговарачки вештини. Кога се во фаза на бесно урлање, а тоа има звук на расипана грамофонска плоча и ги повторуваат истите неподносливи звуци, навистина е тешко да ги убедите што е она што е најдобро за нив.

Решавање на конфликтни ситуации

Кога во паркот, на своето четиригодишно дете кое пишти и вреска со смирен тон и без нервоза се обидувате да му објасните како неговата помала сестричка ненамерно ја скинала главата на неговото омилено мече. Уште еден момент на надчовечки совладувања.

Тренер

Од учење на детето како да го бришат носот, до бодрење на утакмици или учење на социјални вештини, мајките безусловно ја заслужуваат титулата тренер.

Музичар

Без разлика дали е музички талентирана, таа е омилениот музички изведувач на своите деца.

Финансиски стучњак

Се грижи за домашниот буџет, за потребите на децата, за месечниот буџет за храна и згора на сѐ успева да уплати за детско штедење. Со такви финансиски вештини ја заслужува и титулата финансиски стручњак, барем во својот сектор.


Оставете коментар

___