Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Осум правила за успешна работа од дома

Со мерките на сузбивање на коронавирусот многу луѓе почнаа да работат од дома, но замената на канцеларискиот стол со домашен може да ја загрози вашата продуктивност и приватен живот, истакнува германската новинска агенција DPA.

Следат неколку совети од експерти кои сигурно би можеле да ви помогнат.

  1. Не работете во креветот.

Ако сте во можност да издвоите дел од станот како работен простор, одвоен од остатокот од вашиот животен простор,сторете го тоа. Во спротивно ќе ви биде потешко да се исклучите. Ако немате посебна просторија, искористите некој параван или полица за книги за јасно да се одреди границата помеѓу работниот и животниот простор.

  • Држете се до временскиот распоред

Тој распоред не треба и веројатно не може да биде многу строг како оној во вашата канцеларија. Но без никаков план, тешко е да се изврши работата. Размислете во кој дел од денот сте најпродуктивни – рано наутро или можеби веднаш по појадокот. Одредете кога ќе ја завршите работата – веќе имате некаков план.

  • Одредете време за паузи

Најголемиот ризик на работа од дома е без никакви паузи. За вас подобро е да ги планирате паузите и да се држите до нив. Можете на секои 2 часа да направите пауза од 15 минути или да го пратите ритамот на работата и да земете пауза откако ќе ја завршите задачата.

  • Немојте да правите домашни обврски

Предизвик е да ги средите и домашните обврски кога ќе се појават. Да ја испразните машината за садови, чистење или перење на вашата облека, ќе ви го одвлече вниманието од работата. За ваша концентрација е подобро да одолеете на предизвиците до планираните паузи или пак до крајот на дневната работа.

  • Уживајте во слободното време

На работа понекогаш вашите паузи ги поминувате на вашето биро, но кога работите од дома тоа никако не смеете да го правите. Додека работите од дома можете да се почастите на начин на кој не би смееле тоа да го правите на работа.

  • Одредете ги целите за секој работен ден

Понекогаш вашиот попис на работни задачи е бесконечен. Можете да го избегнете тоа чувство со утврдување на приоритетите секое утро: “Што треба денес да направам? “ На некој добар рецепт е за одредување на времето кога мора да се изврши одредена задача. Како термин за службен телефонски разговор или пак пополнување на извештај

  • Видете во контакт со колегите

Работата од дома не смее да биде потполна изолација. Можеби вие и вашиот тим можете да направите видео конференција за да останете во контакт. Доколку друштвените мрежи не се дел од вашата работа, можеби треба да го намалите приватниот мобилен во текот на неколку работни саати.

  • Почитувајте го крајот на работното време

Крајот на работното време, кога работите од дома, значи свесно да одлучите на работите кои не сте ги завршиле а можат да почекаат и до утре. Кога ќе ја завршите работата, треба да го спакувате вашиот лаптоп или службен мобилен телефон. Секогаш во текот на работниот ден може се повеќе да направите но кога вашиот работен простор е и ваш дневно сместување морате да имате дисциплина и да кажете : ”За сега е доста. Утре е нов ден.”

Прочитај

Green Tea

Сместен во Драма, грчки град познат по својата топографија и неверојатен пејзаж, интересниот ресторан го дизајнираше Kois Associated Architects. Овој проект е дел од...

Cotton Club

Сартријалниот стил е повторно во центарот на вниманието, бидејќи Giorgio Armani Made to Measure штотуку ја претстави својата пролет / летo кампања… Италијанскиот моден...

Four Seasons

Мистичната река во Јужна Америка, полна со возбуда и прекрасни животни … На пловидбата на втората најдолга река во светот, долга 6992 километри, ќе...

Green Tea

Некои луѓе едноставно се целосно посветени на својата работа, а совршен пример за тоа е Џим Бевериџ… Тој скоро наполни четириесет години работа, со...