Секое работно опкружување изобилува со луѓе кои имаат различен карактер и навики. Еве неколку типови колеги кои постојат во секоја канцеларија …
Колега паничар
Тој никогаш не стигнува да ги заврши работите навреме и поради тоа секогаш е под стрес. Тој нон стоп е окупиран со тоа што сè мора да се направи па затоа и малку од сето тоа стигнува да заврши. Обично не руча, туку јаде она што му се наоѓа при рака, а кафето го пие како вода.
Итар колега
Ова е колега кој е прилично итар и подмолен, а доста амбициозен. Секогаш води сметка за тоа како ќе се претстави пред другите, па поради тоа често не успева да ги заврши своите работни обврски. Во односите со колегите влегува исклучиво од интерес.
Колега мрзливец
Колега кој не сака да работи па затоа станал доста вешт во префрлувањето на обврски на други. Тој е професионалец за одложување на работи и за смислување работни задачи.
Колега забушант
Тој не ја префрла својата работа на други, но не ја ни завршува како што треба па затоа многумина би можеле да патат поради тоа. Тој секогаш има изговор за она што не го сработил, а секогаш се пријавува за задачи кои се надвор од канцеларијата со цел да има повеќе слободно време.
Колега гребатор
Ова е колега кој останува подолго на работа, кој што размислува што му е потребно на шефот пред него самиот. Секогаш е беспрекорно облечен, понекогаш и премногу среден за работното место на кое работи.
Колега кој се кити со туѓи перја
Тоа е оној тип на колега кој заслугите на тимот секогаш си ги препишува најмногу себеси, бидејќи да не би бил тој не би биле ниту заслугите.
Колега озборувач
Тој знае сè за сите и секогаш има да додаде уште по некоја информација или детал. Ова е личност која секогаш зборува, но не е лошо да бидете во добри пријателски односи со овј колега.
Колега чудак
Секоја канцеларија има барем еден вработен кој си оди од работа кога ќе посака, никој не знае ништо за него и се чини како а не се правда никому. Тој секогаш има време за сè и во сè стигнува.
Колега шегаџија
Овој колега секогаш е подготвен за шега и тоа многу пати може да ви го поправи расположението, но тој не знае да престане со шегите. Честопати претерува, а тоа знае да ве извади од такт. Сака да прави шег и ужива да ги надитри колегите, за потоа да може да се смее до следното утро и за да може да ја прераскажува сцената.

You must be logged in to post a comment Login