Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Кога е вистинско време за промена на кариерата?

Секој од нас се нашол или ќе се најде во момент на рутина на своето работно место. Па иако сте среќни што имате работа, понекогаш притисокот едноставно е неиздржлив. И мала промена може многу да ви помогне, ако веќе не постои опцијата за промена на кариерата. Но, како да препознаете дека дошол тој момент?

 

1. Нема страст

 

Секако дека страстта и ентузијазмот спласнуваат со текот на времето, но ако не чувствувате апсолутно никаква страст кон својата работа, тоа е голем проблем, бидејќи страстта е таа која нè придвижува да успееме во нешто. Без страст нема насока.

 

2. Вашата работа не се цени

 

Луѓето сакаат нивните работа и труд да бидат препознаени и ценети. Ако не се чувствувате така, вашата самодоверба моментално ќе падне. Триаголникот „давате сè од себе, вашата работа не се цени, се чувствувате ужасно“ ќе остане таков се додека не го разбиете.

 

3. Напредување

 

Ако сте на иста позиција веќе подолго време, тоа е сосема нормално во денешни околности. Но, ако е исклучена секаква можност за било какво напредување, тоа е голем проблем.

 

4. Вашата енергија е на минимум

 

Не постои волшебна формула според која нема стрес и хаос на работното место. Но, ако секогаш се чувствувате исцрпени и уморни, а тоа му штети на вашето здравје, време е да размислите за промени, односно за кариера која ќе ви обезбеди здрава рамнотежа или барем поздрава од сегашната.

 

5. Не постои граница помеѓу деловното и приватното

 

Секако дека понекогаш ќе носите работа дома, но ако тоа ви го одзема секој моемент од вашето слободно време, ќе дојде и оној момент на „пукање на љубовта“ меѓу вас. Ниеден вид на опседнатост не е здрав, па така ни оној поврзан со работата.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Лепа Брена во една прилика раскажа како го запознала сопругот Боб: – Кога го запознав Боб, ми се допадна неговата спонтаност и искреност. Знаев...

Green Tea

Гранола е, за оние кои не знаат, се крцкави мусли, кои сите ги сакаме, а се наоѓа претежно во готова амбалажа, со многу додаден...

Fine Living

Кармини, палети за сенки, четки за шминка и многу повеќе После нејзината соработка со брендот Supreme, Pat Mcgrath ги претстави сите производи за шминка...

Fool Moon

Депресивен и многу мистериозен знак. Честопати се крие зад маската на шегаџија, успешна на работни места за кои е потребна динамика – маркетинг, професионален...