Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Како до поголема плата?

За да добиете покачување морате прво самите да бидете убедени дека го заслужувате, па потоа морате да го убедите и шефот дека во таа фирма вредите повеќе.

Барањето на покачување не е лесно, па пред да тргнете во „напад“ треба да знаете и да се придржувате на неколку важни работи…

Прашајте веднаш – Ако верувате дека заслужувате покачување, побарајте го побргу – немојте да одложувате и да чекате тој да ви го понуди.

Одредете ја својата вредност – одредете колку вредите на пазарот, споредувајќи се со другите луѓе на слични работни места во својата и во други фирми. Никогаш барањето на покачување немојте да го базирате на фактот дека ви требаат повеќе пари.

Бидете реални – во својата проценка, колку вредите и колку работодавачот може и сака да плати. Имајте јасна бројка на ум пред да тргнете во преговори. Избегнувајте споредби и никогаш пред шефот немојте да ја споредувате својата плата со туѓите.

Допринесувајте – запомнете дека шефовите сакаат вработени кои што допринесуваат во успешноста на фирмата – зголемување на продажбата и профитот, намалување на трошоците и времето потребно за да се заврши некоја работа, подобрување на корпоративниот имиџ, однос кон клиентите и привлекување на нови клиенти.

Бидете детални – направете детална анализа на своето работно место и работата со која ја вршите. Бидете објективни во нагласувањето дека фирмата има корист од вашите способности, квалификации и искуство.

Очекувајте тешки прашања – препознајте ги можните мани во своето барање и подгответе позитивни одговори.

Нагласете ги своите достигнувања – ако сте биле пофалени спомнете му го тоа на својот шеф и напомнете ги своите можни идни достигнувања.

Проценете ја својата изведба – знајте какви стандарди користи вашиот работодавач за проценка на успешноста и прилагодете се на нив.

Подгответе документација – подгответе јасна и концизна документација на важни податоци – факти и бројки кои зборуваат во прилог на тоа колку позитивно допринесувате во работата на фирмата.

Користете ги преговарачките вештини – бидете свесни за важноста на вештината на преговарање: слушајте внимателно што ви зборува вашиот шеф, избегнувајте препирки и давање на ултиматуми и ако е потребно, бидете подготвени на компромис.

Вежбајте – вежбајте со пријател кој е запознаен со ситуацијата и кој е подготвен да ви постави тешки прашања, да ги критикува вашите грешки и да ви даде конструктивни совети.

Обидете се повторно – ако поради околностите вон негова контрола, работодавачот чувствува дека во овој момент не може да ви даде покачување, заблагодарете му се што ве сослушал и замолете го по неколку месеци повторно да ве прими и да поразговарате за покачувањето.

Имајте на ум дека со шефот ќе мора да работите и понатаму, затоа, состанокот нека помине во пријатна атмосфера и немојте да ја треснете вратата зад себе.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement