• Сподели на:

Ако сакате да напредувате на работното место, избришете ги овие зборови од својот речник

___

Некои зборови или фрази кои од време на време, а можеби и почесто од што би требало, ги користите при разговор со колегите или , уште полошо, со претпоставените, покажуваат дека не сте баш посветени на работата. Затоа најдобро е да ги избришете од својот речник, барем додека сте на работното место.

 

Ќе се обидам

Оваа реченица остава впечаток, иако сте ја изговориле, дека немате намера да го сторите она што сте го кажале. Ќе изгледа како себеси да си остават простор за неуспех. Затоа подобро кажете „да“ или „не“, наместо „ќе се обидам“. И дајте сè од себе кога правите нешто. Ако не ви оди, пробајте на друг начин.

 

Што и да е или како и да е

Ова се омилени фрази на личностите кои имаат потреба да го омаловажуваат соговорникот или што побргу да се решат од него. Делува исто како навреда. Кога тоа ќе му го кажете на некој колега, поставувате непремостлив ѕид меѓу вас, после кој тешко ќе остварите било каков напредок во комуникацијата, а со самото тоа и на работното место.

 

Можеби и не знам

Луѓето кои избегнуваат донесување одлуки често изговараат зборови како што се „можеби“ и „не знам“. Постои разлика помеѓу нивната употреба кога тоа навистина го мислите и употреба кога само ви е потребен изговор. Затоа размислете пред да кажете „можеби“ или „не знам“, бидејќи и вашиот соговорник ќе може да ја забележи разликата. Или однапред подгответе одговор на прашањето: „Кога мислиш дека ќе знаеш?“ или „Како можеш да дознаеш?“.

 

Ако…

Проектите обично зависат од тоа што секој си ја работи својата работа. Луѓето кои често го користат зборот „ако“, најверојатно ни самите не би се обложиле на себеси. Оние кои секогаш поставуваат некакви услови од кои зависи дали нешто ќе биде направено, само се обидуваат да пронајдат соодветен изговор за несупехот. Тие, наводно, секогаш зависат од другите бидејќи „само ако Перо направи нешто, тогаш и тие ќе успеат да…“. Никој не ги сака таквите личности во својот тим бидејќи, замислете како би изгледало вие да сакате да се искачите на Монт Еверест, на пример, а некој од вашиот тим постојано ви поставува некакви услови. Затоа избегнувајте го зборот „ако“ и потрудете се да најдете алтернативни патишта за да ја завршите својата работа.

 

Да, но…

Оваа, толку вообичаена, конструкција зад себе крие само уште еден изговор. Луѓето кои на секој предлог или задача велат „да, но…“, обично им оставаат впечаток на претпоставените дека не сакаат да се потрудат на пронајдат решение. И тоа обично е многу очигледно, па затоа најдобро е што побрзо да преминете на „да, во ред“.


Оставете коментар

___