• Сподели на:

8 начини да заштедите време

___

Бројот на часови во денот не можете да го промените, но можете да ги исполните на поефикасен начин, со помалку стрес и ментален труд. Веројатно тоа сте го слушнале и порано и не сте успеале подобро да го организирате своето време. Со овие осум трикови ќе успеете подобро да се организирате.

 

Со цел секогаш да имате време за сè, мора само да бидете поорганизирани

 

1) ЗАВРШЕТЕ ГИ ЕДНОСТАВНИТЕ ЗАДАЧИ ЕДНА ПО ЕДНА

 

Секогаш завшувајте ги лесните задачи една по една.

 

– Мозокот памти најмногу седум информации во еден момент. Ако се префрлите на втората задача додека ја извршувате првата, тие информации ќе испарат и ќе морате од почеток да ги памтите. Тоа е губење време – вели психологот Дејвид Кресвел.

 

2) РАЗЛОЖЕТЕ ГИ КОМПЛИЦИРАНИТЕ ЗАДАЧИ НА ПОВЕЌЕ ЕДНОСТАВНИ

 

На комплицираните задачи треба да им пристапите поинаку од за разлика од едноставните. Подобро и побрзо ќе ги завршите ако ги разложите. Кресвел открил дека луѓето кои завршуваат сериозни задачи, тоа го прават многу поефикасно кога паузираат една – две минути.

 

– Мозокот несвесно обработува информации во текот на работата кои не се поврзани со задачата, па потоа подобро продолжува со работата. Дури и пауза од две минути има влијание – вели тој..

 

Овде не станува збор за мултитаскинг – секогаш согледувајте го проблемот од далеку додека работите нешто друго. А тоа друго би требало да биде сосема различно од она што го работите.

 

3) ИЗГРАДЕТЕ СИЛА НА ВОЛЈАТА

 

Силата на волјата е клучна за ефикасноста – ако работите на неа, ќе ја подобрите. Рој Баумејстер, психолог од Универзитет од Флорида, открил дека луѓето можат да ја вежбаат силата на волјата т.е. силата да се насочат во текот на важните задачи. Вежбајте ја силата на волјата така што ќе се ветите себеси дека нема да јадете брза храна една недела или дека нема да лежите во кревет по полноќ.

 

Најтешките одлуки донесувајте ги кога вашата сила на волјата е на врвот – за повеќето луѓе тоа е наутро.

 

 

4) РАЗВИЈТЕ ГУГЛ ДИСЦИПЛИНА

 

Кога луѓето бараат нешто на интернет, отвораат илјада прозорчиња за да го истражат тоа, а сосема се доволни само две. Ограничете го своето пребарување на интернет кога работите на некој проект. Секогаш кога сте во можност, исклучете ги сите други технолошки апарати кои ве опкружуваат.

 

5) ИМАЈТЕ КАЛЕНДАР; А НЕ ЛИСТА СО ОБВРСКИ

 

Листите со обврси се неделотворни9 бидејќи им недостасува контекст: истражувањара покажуваат дека луѓето ги оставаат најтешките задачи незавршени до крајот на денот. Наместо листа на обврски, луѓето би требало да обрнуваат повеќе внимание на своите календари. Како поинаку би знаеле кои се вашите приоритети ако не сте секогаш свесни колку време имате за нив? Оставете неколку празни места за неочекувани кризи и прекини, како и за да направите место за обврските кои можат да потраат.

 

6) ОДРЕДЕТЕ ШТО Е ИТНО

 

Повеќето од нас се затрупани со мејлови, повици и барања кои не се итни и на кои не треба да им обрнуваме внимание во одреден момент. Секоја информација не ни е потребна веднаш. Новите информации примајте ги кога ви се потребни, а не константно. Ако проектот е комплициран и бара ангажман на повеќе луѓе, разговарајте за него наместо да се допишувате. Немојте постојано да ги проверувате мејловите и да одговарате на нив. Направете потпис во мејлот во кој ќе нагласите дека немате време да одговорите на сè и да ве повикаат доколку станува збор за нешто итно. Истот важи и за состаноците. Мора ли да присуствувате на нив? Ако не мора, не одете.

 

7) ОГРАНИЧЕТЕ ГИ СВОИТЕ ИЗБОРИ

 

Не можете да го ограничите бројот на одлуки кои ги правите на работа, но можете да го ограничите бројот на избори на дневно ниво. На пример, претседателот Обама носи само сини и сиви костуми за да може што помалку да одбира. Исто така, користи ознаки за одредени прашања: „се согласувам“, „не се согласувам“ и „ќе разговараме за тоа“. Премногу избори парализираат. Не си го комплицирајте самите животот.

 

8) ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕСТОЈНИОТ ДЕН

 

Иако поважно е добро да се наспиете, најдобро е непосредно пред да легнете да се подготвите за следниот ден. Скенерите на мозокот на луѓето


Оставете коментар

___