Се прашувате на кој начин да ја разбраните визијата, да сте поинаква и оригинална секој ден? Бидете убава и заводлива, користејќи ја една од најактуелните фризури за топлите месеци. Пунџата е симбол на достоинственост и власт уште од минатото. Го покажува нивото на високата класа. Покрај тоа собраната коса е многу практична и удобна за носење – го открива убавото женско лице, ги нагласува обетките и останатиот накит кој го носите.
Еден совет од нас : Добро е да не ја миете косата непосредно пред стилизирањето , за да може полесно да ја ” скротите”.
Ќе ви понудиме три варијанти на фризури со пунџа : Ако сте во романтично и секси расположение, тогаш задолжително треба да се обидете фризурата ” messy bun ” ( несериозна пунџа ) , која лично успеваме да ја направиме за не повеќе од 3 секунди!
Изберете пунџа и за официјален повод . Направете ефективна пунџа во стил балерина. Познатите дами покажаа дека високата, стегната пунџа е соодветна фризура за официјални настани, а според нас таа е совршена и лесна опција за пролетно- летните денови!

You must be logged in to post a comment Login