Техниката на бојадисување на косата под називот „lived-in“ е најновиот светски тренд, кој популарниот омбре го стави во друг план.
Се работи за свежи и природни прамени за кои е заслужен познатиот холивудски фризер Johnny Ramirez, во чии раце потполно се препуштиле познатите убавици, меѓу кои и Џесика Алба и Алесандра Амбросио.
Оваа техника на бојадисување на косата според зборовите на Рамирез трае и до 6 месеци, а израстокот на косата повеќе не постои. „Lived-in“ начинот на бојадисување дава потполно природен изглед на косата, а тајната се крие во нејзиното миење.
Благодарение на бројните нијанси на прамени, распоредени по целата коса, во текот на миењето косата добива поинаква боја, но подеднакво атрактивна и убава.

You must be logged in to post a comment Login