Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Не пробувајте дома: Нега на косата со пламен од свеќа

Бразилската манекенка Барбара Фиаљо ја гори својата коса со свеќа, за да биде здрава и сјајна. Не го пробувајте ова дома!

 

Манекенката која има носено модели и на Викторија Сикрет, си прави велатерапија – постапка при која со пламен од свеќа се палат оштетените краеви на косата.

 

Барбара додава и дека познатите манекенки Алесандра Амброзио и Изабели Фонтана, исто така на овој начин ја одржуваат својата коса, во еден фризерски салон во Сао Паоло.

 

Фризерите објаснуваат дека оваа постапка овозможува хранливите материи слободно да поминуваат во внатрешноста од влакното при што се отстрануваат оштетените краеви од косата предизвикани од разните средства. Тие велат дека оваа терапија не е популарна само кај манекенките, напротив одржувањето со пламен од свеќа е многу популарно ширум Бразил.

 

“Тоа е неверојатно. Пламенот не ја скратува косата, но по третманот влакното е мазно и здраво”, истакнува уредничката на бразилското издание на магазинот “Вог” Викторија Серидоно.

 

Дали е оваа постапка навистина делотворна, не можеме да кажеме со сигурност, но знаеме дека оваков третман треба да прави само фризер, па затоа не пробувајте го ова дома!

httpv://www.youtube.com/watch?v=Aj8Z1qE4XA8

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement