• Сподели на:

Зошто стјуардесите ги држат рацете позади грб пред полетување?

___

Ако често патувате со авион, сигурно сте забележале дека стјуардесите имаат чудна навика рацете да ги држат позади грб по секоја цена.

zoshto-stjuardesite-gi-drzat-racete-pozadi-grb-pred-poletuvanje-01.jpg

Тоа го прават сè додека не дојде времето за заврзување на појасите и гасење на телефоните.

Но, зошто?

Одговорот е прилично едноставен.

Пред полетување, една од одговорностите на стјуардесите е да го пребројат бројот на патници кои влегуваат во кабината.

Тоа многу полесно се прави со бројчаник:

zoshto-stjuardesite-gi-drzat-racete-pozadi-grb-pred-poletuvanje-1.jpg

Стјуардесите не сакаат да привлечат внимание, па затоа, рацете ги држат позади грб додека ги пребројуваат патниците.


Оставете коментар

___