• Сподели на:

Најскапите сетови LEGO коцки

___

Основана е во 1949 година, компанијата Lego го добила името растеше заедно со растењто на многу генерации…

Идејата за создавње играчки ја стимулираше креативноста на најмладите, па коцките одсекогаш беа популарни. Малите пластични парчиња кои децата ги спојуваат и креираат нешто ново, сега можеме да кажеме дека се минато. Серијата на Lego коцките е толку многу развиена, што се почесто стануваат занимација и на возрасните. Од нив може да се направи се, од Вашите омилени фиктивни цивилизации, па се до глобални споменици и обележја. Секако со таква популарност, се развиваше и популарноста на компанијата и на овие коцки и сега имаме филм за Lego коцките, како и Legoland забавен парк.

Ние овојпат одлучивме да Ви ги претставиме најпрестижните и најлуксузните Lego сетови, поради кои ќе можете да го цените нивото на внимание посветено на деталите, кои помогнаа во креирање на овој феномен со кој се забавуваат луѓето на различни места во светото и на различна возраст.

7. Маерск линија Сад Брод $ 1.737

На преминот од стариот во новиот милениум, овој сет на Lego коцки беше на листата на најпосакуваните на секое дете. Содржи 1.500 парчиња кои мораа да бидат споени на логичен начин како би креирале брод.

6. Ајфелова кула – 1.802$

Направен е сетот во 2007 година, и овој сет го доби името,, Највисок сет”. Се протега во висина од 105см, и на своите љубители им нуди можност да креираат го креираат еден од нивните омилени споменици. Овој сет содржи 3.428 парчиња, кои мора да се склопат.

5. Цистерна со млеко – 2.000$

Компанијата Lego често содржеше натпис со името на оваа компанија на некои сетови . Во 1989 година, тие во Данска имаа за цел промоција на данската млекара, MD Foods, која денес ни е позната како Arla Foods, но сетот на Lego коцки кои беше креиран за носење на млеко и денес го носи името на оваа компанија. Иако овој сет се состои само од 133 парчиња, и веројатно е наједноставниот од сите сетови од оваа колекција, неговата цена е прилично висока.

4. Grand Karusel $3,889

Во време кога го пишуваме ова,само еден оваков сет беше достапен за продажба. Оригиналното издание на овој сет чинеше околу 250 долари. Со околу 3.263 коцки, 9 фини фигури и мотори, овој  karusel се врти и навистина изгледа спектакуларно.

3. Taž Mahal $4,295

Овој споменик на љубовта не можеше да биде заборавен и запоставен во Lego царството. Само еден сет од овие коцки беше достпен за продажба , а кога ќе се склопи добива грандиозен лик на уметничко дело на архитектура на кој е базиран. Овој сет е наменет за искусните Lego градители, има 5.900 парчиња кои ја креираат базата, минарето, скалите и величествените куполи на оваа структура. Тој е познат како сет со најмногу елементи.

2.Кипот на Слободата- $5,000

Со висина од 82.5 см, овој симбол на слободата  е креиран за голема возбуда меѓу фановите, во 2000 година , кога беше претаставен. Беше достапен само еден ваков сет, а посебен е бидејќи за него беше креирана посебна песочна-зелена цигла. Дури и половната верзија од овој сет чини 2.00 долари.

  1. Star Wars Millennium Falcon $6,386

Кога би ја искомбиирале љубовта кон Lego коцките и Star Wars, ќе добиете скапоцен сет кој сигурно нема да седи само на полица. Сетот  Star Wars Millennium Falcon исто така, наскоро ќе биде распродаден. Претставен е во 2007 година, кога неговата цена беше само 500 долари. Тој содржи 5.195 парчиња ,фигури на Han Soloa, Luka Skajvokera, Čubake, Obi-Van Kenobija и Princeze Leje.


Оставете коментар

___