Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

интересно

72-часовно правило: Tрик со кој ќе заштедите пари

Ветувањата за тоа како ќе почнеме да штедиме повеќе, кои многупати си ги даваме, најчесто важат за празни ветувања.

kako-da-zastedite-pari-01.jpg

Откако ќе ги прекршиме и ќе потрошиме повеќе од тоа што сме планирале, чувствуваме грижа на совест, па повторно поминуваме низ истиот процес на пребројување и ветување.

За среќа, новинарот Карл Ричардс, од „The New York Times“, има решение кое може да ни помогне кога се во прашање парите.

Тој кажува дека е најдобро да чекате да поминат 72 часа пред да донесете одлука за купување.

Ричардс го цитира австрискиот автор, невролог и психијатар, Виктор Франкл, кој кажал: „Помеѓу желбата и одговорот постои простор. Во тој простор е нашата моќ да донесеме одлука.“

Првиот чекор е искористување на моќта на тој простор, знаејќи дека постои. Вториот чекор е усовршување на вештината за чекање.

Советите како: „Користете ги само вистинските пари“ или „Заклучете ги кредитните картички“ се многу корисни во тој поглед.

Се работи за обичен тренинг поради кој ги забележуваме нашите вистински желби. Какво е чувството кога сакате нешто? – вели Ричардс.

Еден од начините за создавање на тој простор е 72-часовното правило.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...